Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус уште во јануари ќе се обиде во своите редови да го донесе играчот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ.
Ковачиќ не успеа да се наметне како решение за првиот тим по неговиот трансфер од Интер и во Реал Мадрид добива шанса само на натпревари кои немаат резултатско значење.
„Тутоспорт“ пишува дека Јувентус би можел да го искористи неговиот статус и дека ќе испрати понуда за фудбалерот во зимскиот преоден рок. Ковачиќ има договор со Реал до 2021 година, а цената му изнесува околу 25 милиони евра.