Јувентус најде замена за Алегри?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесоа утрово дека Алегри на крајот на сезоната ќе се пресели во Арсенал. Тој и оваа сезона според медиумите ќе и ја донесе титулата на Јувентус, но навивачите се разочарани затоа што тој најверојатно ќе ги напушти на крајот на сезоната.

Сепак, по се изгледа дека Јувентус најде негова замена и веќе се шпекулира за можните тренери.

Еден од нив е тренерот на Удинезе, Дел Нери кој би сакал да го превземе Јувентус.

Наводно, тој веќе имал некои контакти со Јувентус, но тоа сеуште се држи во тајност.

„Не верувам дека постои тренер во Италија кој би ја одбил понудата на Јувентус. Доколку им требам, ќе бидам тука. Сега сум фокусиран на Удинезе и на натпреварот против нив. Сакаме да го покажеме својот квалитет и се надевам дека ќе ги сопреме.“