Јувентус оваа зима ќе се засилува од Манчестер Сити?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус оваа зима би можел да се засили со играч од средниот ред од редовите на Манчестер Сити.

Старата дама сака да го зајакне дефанзивниот дел од средниот ред со Фернандињо кој го гледа како идеален фудбалер кој би можел да го чува грбот на одбраната.

На Фернандињо договорот со Манчестер Сити му истекува на лето, а Јувентус во јануари ќе се обиде да го донесе.

Потсетуваме дека Фернандињо има 31 година и дека оваа сезона е редовен во првата постава на Граѓаните заедно со Фернандо, така да постои можност и Сити да го продолжи договорот со играчот.

Фернандињо во Сити пристигна во 2013. година од Шахтјор во трансфер вреден дури 30 милиони евра. Оваа сезона одигра 14 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.