Јувентус организира тренинг камп за најмладите во Македонија


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во договор со фудбалскиот клуб Јувентус, фудбалската школа Мондано од Скопје организираат тренинг камп за најмладите фудбалери од Македонија.

Кампот е од отворен тип за децата кои тренираат по локалните клубови и училишта, но и за рекреативци кои сакаат да го доживеат искуството за тренинг под покровителство на еден светски познат клуб.

Тренинзите ќе ги водат тренери од Италија кои ќе објаснуваат на англиски јазик, а локалните тренери ќе преведуваат на македонски и албански јазик.

Повеќе детали за настанот може да пронајдете на официјалниот сајт на тренинг кампот на Јувентус.