Јувентус работи на долг рок: Позната замената за Сандро?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бразилецот наскоро би требало да го продолжи договорот, но во Торино размислуваат на долг рок.

Веќе долго траат гласините за судбината на фудбалерот на Јувентус, Алекс Сандро.

Медиумите шпекулираат за тоа дека Бразилецот би можел да го напушти Торино, за неговите услуги се заинтересирани бројни европски клубови, а некако во прв план се Манчестер Јунајтед и Челси.

„Бјанконерите“ сакаат да го сочуваат, но не по секоја цена, па веќе пикираа ново решение за во иднина.

Во прашање е фудбалерот на Атлетико Паранаенсе, Ренан Лоди кој има 20 години и игра на позицијата лев бек, а многумина сметаат дека поседува исти квалитети како и неговиот сонародник од Јувентус.

Рано е да се зборува за трансфер, но Фабио Паратич веќе даде налог на своите скаути подобро да го следат Лоди.

Во прашање е залог за иднината, па не треба да се очекува Јувентус да преземе некои чекори во врска со тоа оваа зима.