Јувентус се засилува од Севилја


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Од таборот на Јувентус планираат да испратат понуда до Севилја за услугите на Стивен Нзонзи.

Како што пренесува „Марка“  од Јувентус се подготвени да платат 40 милиони евра за францускиот интернационалец.

„Бјанконерите“ се обидоа да го потпишат Нзонзи уште во јануари, но тогаш од Севилја ја одбија понудата од 30 милиони евра и набрзо го продолжија договорот со играчот од средниот ред.

Во новиот договор на Нзонзи со Севилја има и откупна клаузула од 40 милиони евра.