ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Екипата на Јувентус по три кола остана со стопроцентен учинок во групата Х од Лигата на Шампионите.
По победите над Валенсија и Јанг Бојс, денес на „менито“ на клубот од Торино беше Манчестер Јунајтед кој падна пред своите гледачи со 1:0.
Стрелец на единствениот погодок беше Пауло Дибала кој ја затресе мрежата на Де Геа во 17. минута.
Во продолжение Јувентус ја диктираше играта, и имаше неколку одлични шанси, но благодарение на Де Геа, Манчестер Јунајтед до крај се надеваше на позитивен исход.
Најголемата шанса за „ѓаволите“ ја имаше Погба кој ја погоди стативата, неколку полушанси имаше и Ентони Марсијал.
Овој натпревар ќе остане запаметен и по враќањето на Кристијано Роналдо на „Театарот на соништата“.