Јувентус славеше минимално во дербито против Рома (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус продолжуваат да газат се пред себе и вечерва покажаа дека немаат конкуренција во Серија А.

„Старата Дама“ со  1:0 славеше во дербито со Рома, а единствениот гол во Торино го постигна Марио Манџукиќ во 35. минута.

Јувентус во финишот постигна уште еден гол преку Даглас Коста, но истиот беше поништен поради прекршок врз еден противнички фудбалер.

Со оваа победа Јувентус ја задржа бодовната предност од осум поени пред Наполи и продолжува и по 17. коло да е единствена непоразена екипа во Серија А.