Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Пристигнувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус минатото лето донесе голем приход на италијанскиот клуб, а тоа го покажуваат и најновите податоци од финансискиот извештај.
Роналдо е миленик на многу навивачи, па продажбата на дресови и клупски симболи од пристигнувањето на Португалецот во Јувентус е зголемено. Само во претходните шест месеци Јувентус заработил 26,51 милион евра, а тоа е огромно зголемување.
Јувентус без Роналдо имал заработка од 14,65 милиони евра минатата сезона, а Португалецот ја зголемил придобивката за 81%.
Секако, треба да се очекува поголема заработка во наредниот период. Јувентус доби од „Адидас“ бонус од 15 милиони евра.
Исто така, приходите од спонзори и реклами пораснаа на 61,4 милиони евра во досегашниот дел од сезоната и за повеќе од 18 милиони евра се поголеми во однос на истиот период лани.