Јувентус ќе бара замена за Дибала во Јувентус: Алегри мерка две ѕвезди!?


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус замена за Дибала ќе бара во Реал Мадрид, а веќе на „пик“ ги има Иско и Хамес Родригез, кој игра на позајмица во Баерн Минхен.

Пред неколку месеци се шпекулираше дека Дибала треба да се пресели во Реал Мадрид, меѓутоа такво нешто не се случи. Сепак, сега повторно е актуелна таа приказна и Аргентинецот наводно бил подготвен на таков чекор.

Италијанците зимава сакаа да ја искористат ситуацијата околу Иско, кој не е задоволен во Мадрид, но не успеаа, па би можеле да се обидат да го ангажираат наредното лето.

Од друга страна, се појави и Родригез во игра, зашто Баварците не сакаат да го откупат, па тоа можеби ќе се обиде да го искористи „Старата дама“.