Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус е подготвен да го продаде Гонзало Игуаин на Челси, но има еден услов за тоа. Аргентинецот одигра 22 натпревари на позајмица во Милан месецов и постигна осум голови.
Искусниот аргентински напаѓач е голема желба на тренерот на „сините“, Маурицио Сари, а наводно денеска би можел да потпише за клубот од „Стемфорд бриџ“.
Првите шпекулации беа дека Челси ќе го ангажира на позајмица до крајот на сезоната и ќе плати девет милиони евра, но италијанскиот шампион имал друга идеја, односно го побарале дефанзивецот Емерсон Палмиери.
Овој лев бек стигна во Лондон пред една година. Меѓутоа, во Челси не доби преголема минутажа, па сезонава има само 11 настапи, од кои само 13 минути во Премиерлигата.
Емерсон е незадоволен со својот статус, па има намера да замине, а интерес за него покажува „Старата дама“, која сака да го види во својот тим.