Јувентус ќе пазари во Волфсбург


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од таборот на Јувентус се заинтересирани во своите редови да го донесат играчот на Волфсбург, Максимилијан Арнолд.

23 годишниот фудбалер е стандарден во редовите на Волфсбург и ги има одиграно сите натпревари за овој клуб оваа сезона во Бундеслигата, со исклучок на еден кога отпадна од комбинација поради здравствени проблеми.

Договорот на Максимилијан Арнолд со Волфсбург му е со важност до 2020 година, а неговата откупна цена изнесува околу 20 милиони евра.