Јуве го посакува Стротман


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од редовите на Јувентус по неуспешниот обид за ангажман на Немања Матиќ сега се насочуваат кон играчот на Рома, Кевин Стротман.

Како што пишува „Тутоспорт“ Јувентус на Рома и понудил 30 милиони евра за услугите на холандскиот репрезентативец.

Сепак, Рома експресно ја одбила понудата со образложение дека за Стротман бара најмалку 45 милиони евра.

Холанѓанецот долго време беше надвор од терените поради повреди, но сега го враќа посакуваниот ритам.