Јуве перманентно го откупи договорот на Коста


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Шампионот во Серија А, екипата на Јувентус ја активираше откупната клаузула од 40 милиони евра и го потврди перманентниот трансфер на Даглас Коста од Баерн Минхен.

27 годишниот фудбалер се пресели во Торино минатата година како позајмен фудбалер со опција за целосен откуп на договорот за 40 милиони евра.

Бразилскиот интернационалец со Јувентус потпиша договор кој ќе го обврзи со останување во Торино до 30 јуни 2022 година.