Јуве по стариот рецепт – ангажира млада француска ѕвезда за џабе!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тутоспорт“ пишува дека Јувентус не се откажал од можноста да го ангажира играчот на ПСЖ, Адриен Рабио.

Французинот не го продолжи договорот со ПСЖ и наредното лето ќе стане слободен играч, па Јуве е заинтересиран за него.

Рабио уште во јануари може да преговара со заинтересираните страни, а досега привлече голем интерес.

За неговите услуги се заинтересирани Барселона, Тотнем, Милан, Ливерпул и уште неколку европски гиганти.

Сепак, Јувентус бил во пол-позиција според италијанските медиуми и би требало да го ангажира – бесплатно.

Овој 23-годишен играч одигра повеќе од 200 настапи за ПСЖ, а притоа постигна 23 гола и 16 асистенции.