Јунајтед донесе засилување во последниот ден од преодниот рок


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед потпиша договор со младиот голман Матеј Ковар кој на Олд Трафорд пристигнува од редовите на Словачко.

17 годишниот голман потпиша професионален договор со клубот откако помина одреден пробен период во академијата во ноември.

Ковар претходно беше на проба во Вест Хем но Манчестер Јунајтед реагираше побрзо и успеа да ги обезбеди неговите услуги.

Ковар најпрво ќе добие шанса во у18 тимот на Јунајтед и ако ја оправда довербата ќе биде префрлен во резервниот, у23 тим на Манчестер Јунајтед.