Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Според извори на Скај Италија од Манчестер Јунајтед веќе ги стартувале преговорите со Златан Ибрахимовиќ и неговиот агент за нов договор.
35 годишниот Швеѓанец е слободен агент откако не беше искористена опцијата да го продолжи на дополнителна една година договорот со Јунајтед по тешката повреда на коленото во април.
Сепак, во договор со Мурињо тој остана во Керингтон каде се уште се рехабилитира, а сега на ред се разговори за шестмесечен договор кој би стартувал од јануари 2018 година.
За Ибрахимовиќ сериозен интерес има од Лос Анџелес Галакси, а се споменува и тимот на Милан.