Јунајтед победник во вечното дерби во Англија


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ во рамките на 30. коло од Премиер Лигата со 2:1 славеше против тимот на Ливерпул.

Натпреварот за домаќините започна одлично затоа што по само 14 минути имаа предност од 1:0 откако Рашфорд на одличен начин го совлада Кариус.

На 2:0 зголеми истиот играч на само десет минути подоцна по грешката на одбраната на Ливерпул.

Гостите од Мерсисајд дојдоа до намалување на резултатот со автоголот на Ерик Бејли, но до крајот не успеаја да го скршат „ѕидот“ пред Давид Де Геа.