Јунајтед подготвува нов договор за Де Геа


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед подготвува нов договор за Давид Де Геа кој ќе го задржи на „Олд Трафорд“ најмалку до 2023 година.

Се шпекулира дека со новиот договор шпанскиот интернационален чувар на мрежата ќе заработува колку Погба и заедно со Французинот ќе биде најплатениот фудбалер во клубот.

Дека се подготвува договор потврди и Жозе Мурињо кој на вчерашната прес конференција пред натпреварот со Стоук истакна: „Очигледно е дека нема да дозволиме оваа опција да исчезне. Ќе се обидеме да му понудиме нов договор. Господин Вудвард не е на одмор, тој не оди на одмори. Тој ќе стори се за да му понуди договор кој ќе го задржи овде за многу подолго време отколку опцијата која ја има во договорот за плус една година.“

Де Геа долго време беше цел на Реал Мадрид, но од Манчестер Јунајтед не потпаднаа под притисокот да го продадат голманот и тој веројатно и во иднина ќе остане на „Театарот на соништата“.