Јунајтед подготвува „пеколно“ лето: Солскјер добива три големи засилувања!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед според англиските медиуми летово ќе биде активен на пазарот, а многумина веруваат дека „црвените ѓаволи“ ќе направат многу промени во тимот.

Клубот од „Олд Трафорд“ полека се подготвува за летниот преоден рок, а се појави и листата со желби на тимот. Во Јунајтед јасно знаат кого да донесат во свои редови и сигурно нема да бираат средства за да ги остварат нивните желби.

Англиските медиуми пишуваат дека на листата со желби има тројца фудбалери, а наводно Јунајтед е подготвен да плати 150 милиони евра за Калиду Кулибали.

Исто така, на листата со желби се наоѓа и Тони Крос, кој ќе го напушти Реал Мадрид за околу 60 милиони евра.

На листата со желби се наоѓа и талентираниот Џејдон Санчо, кој воодушевува со настапите во Борусија Дортмунд, но неговата цена изнесува 90 милиони евра.

Вчера се пишуваше дека Јунајтед ќе се обиде да го купи и Филипе Кутињо, чија цена изнесува 80 милиони евра, но наводно Бразилецот сака да се пресели во ПСЖ.