Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Герет Бејл пред неколку месеци се наоѓаше пред заминување од Реал Мадрид, а за неговите услуги интерес покажа Манчестер јунајтед.
Бејл не беше задоволен во Мадрид, па „ѓаволите“ се обиделе со понуда од 250 милиони евра да го ангажираат Велшанецот.
Шпански новинар вели дека Бејл ќе добивал плата од 25 милиони евра годишно, а тоа е речиси двојно повеќе од платата во Реал, каде што зема 14 милиони.
Ова било примамлива понуда на Манчестер, но на крајот Бејл и Реал одлучиле да ја одбијат понудата, зашто Велшанецот добил поголема минутажа и поважна улога во екипата.