Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Од таборот на Фиорентина им порачале на челниците на Манчестер Јунајтед дека ќе мора да платат 40 милиони фунти доколку сакаат да го обезбедат потписот на српскиот интернационалец, Никола Миленковиќ.
Миленковиќ е под договор со Виола до јуни 2022 година,а во договорот не е вклучена откупна клаузула. Сепак од Фиорентина бараат сума која Манчестер Јунајтед тешко ќе прифати да ја плати.
„Ѓаволите“ се подготвени да издвојат максимум 30 милиони фунти за услугите на фудбалерот кој лично беше следен од Жозе Мурињо на натпреварот помеѓу Црна Гора и Србија.















