Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Најбрзиот човек во светот, Јусеин Болт, во петок конечно ќе го оствари својот сон и ќе дебитира за австралискиот тим.
Болт тренираше со многу екипи. Сепак, не беше премногу добар за европските лиги, па реши да замине во Австралија, каде што се приклучи на Централ Коуст Маринерс.
„Кога бев на патеката и на теренот, луѓето многу зборуваа за мене. Успевав да докажам дека грешат и сега имам уште една шанса да им го докажам тоа. Ова не се хуманитарни натпревари, ова е кариерата која ја барам“, кажа Болт.
Тренерот на Маринерс, Мајк Мулви кажа дека е потребно време да се прилагоди Болт на тимот, но ќе одигра неколку минути.