Јамал и Рафиња со празни раце: Познато кој ќе ја добие „Златната топка“


Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


ПСЖ со 5:0 во Минхен го разби Интер и за прв пат стана првак на Европа, а кружат гласини за тоа кој ќе ја освои Златната топка за оваа сезона. Се чини дека еден фаворит посебно се издвоил по синоќешниот натпревар.

Освен тоа, екипата од Париз би можела да изнедри и добитник на Златната топка за оваа сезона.

Новинарите на GOAL постојано ја ажурираат ранг листата на фаворити за освојување на Златната топка оваа сезона, а по финалето на Лигата на шампионите дојдоа до јасен заклучок: Усман Дембеле ќе го добие големиот индивидуален трофеј.

Усман Дембеле оваа сезона освои сè што можеше да се освои со ПСЖ, Суперкупот на Франција, Лига 1, Купот на Франција и Лигата на шампионите, а сезоната што штотуку заврши е далеку најдобрата во неговата кариера.

Фото: Grok AI