Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Ламин Јамал се најде на мета на жестоки критики поради роденденската забава што ја организираше минатиот викенд, а сега играчот на Барселона даде свој коментар и испрати јасна порака до сите што го критикуваат.
Минатата сабота Јамал организираше прослава на својот 18. роденден во еден ресторан во Барселона, на која присуствуваа голем број познати личности од различни области.
Младиот играч на Барселона се потруди да прославата на полнолетството биде незаборавна, но не и предполагаше какви критики ќе предизвика поради тоа.
Прво го “разапнаа” во јавноста по изјавата на шпанската инфлуенсерка Клаудија Калво која тврделе дека Јамал им нудел на девојките меѓу 10 и 20 илјади евра да дојдат на забавата, но таа брзо го демантираше ова и упати извинување.
Но, она што предизвика најголеми критики од јавноста е фактот дека Јамал ангажирал луѓе со ниска раст за забавата, поради што се најавени тужби против него.
Во одбрана на Јамал застанаа претставниците на организацијата што настапувала на таа забава и порачаа дека е бесмислено некој да го тужи играчот на Барселона поради нив бидејќи тие само ја работеле својата работа и не доживеале никакво непочитување.
Јамал вчера официјално потпиша договор со Барселона до летото 2031 година и доби го бројот десет на дресот, при што кратко се обрати до новинарите.
Се разбира, неизбежна тема беше и роденденската забава, а Јамал одлучи во една реченица да стави точка на сето тоа и да покаже дека критиките не го погодуваат премногу.
“Не обрнувам внимание воопшто на критиките и што зборува некој освен ако не доаѓаат од членовите на моето семејство и пријателите. Фокусиран сум само на фудбалот и тоа е сè што имам да кажам на таа тема”, рече Јамал.