Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Играчот на Милвоки Бакс, Јанис Антетокунмпо, ја потврди својата намера да ја претставува Грција на претстојниот Евробаскет, под услов да биде потполно здрав.
Зборувајќи на јавен настан на кој беше именуван за грчки амбасадор за рециклажа, NBA ѕвездата накратко се осврна на своите планови во врска со националниот тим.
„Ако бидам здрав, сигурно ќе бидам таму. Не знам ни што ќе вечерам вечерва, така што не можам да размислувам толку однапред до август“, додаде Јанис низ насмевка, кога го прашаа за учеството.
Фото: Принтскрин