До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Денвер Нагетс убедливо ја победија Минесота Тимбервулвс со 125:113 во петтиот натпревар од плеј-оф серијата на НБА лигата и го намалија резултатот на 3:2 во вкупниот скор.
Никола Јокиќ повторно доминираше и оствари трипл-дабл со 27 поени, 16 асистенции и 12 скока.
Освен Јокиќ, во тимот на Денвер се истакнаа и Џамал Мареј со 24 поени, Спенсер Џонс со 20 и Кем Џонсон со 18 поени. Кај Минесота најдобри беа Џулијус Рендл со 27 поени и девет скокови и Ајо Досунму со 18 поени.
Серијата сега се сели во Минесота, а Нагетс мора да победат за да останат во трка за следната рунда. Следниот натпревар ќе се игра во ноќта меѓу четврток и петок.












