До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Никола Јокиќ повторно покажа зошто се смета за еден од најдобрите играчи на денешницата. Во победата на Денвер Нагетс над Хјустон Рокитс со 129:93, српскиот центар го запиша својот 25. трипл-дабл оваа сезона, со што стана првиот играч во историјата на НБА со четири последователни сезони со 25+ трипл-даблови. НБА лигата веднаш се огласи и истакна колку е овој рекорд извонреден и уникатен во историјата на кошарката.
Освен историскиот трипл-дабл, Јокиќ одигра маестрален натпревар, завршувајќи со 16 поени, 12 скокови, 13 асистенции и 5 украдени топки, покажувајќи уште еднаш својата комплетна игра и способност да ги менува насоките на натпреварите.
Интересно, по новиот рекорд на Србинот, се огласи и НБА лигата на социјалните мрежи.
– Историја за Јокиќ. Во вечерашната победа, Никола Јокиќ го запиша својот 25. трипл-дабл оваа сезона. Сега има четири последователни сезони со 25+ трипл-даблови, со што стана првиот играч во историјата на НБА кој ја достигнал оваа граница – напишаа тие.
Denver’s NBA All-Stars in tonight’s big win:
— NBA (@NBA) March 12, 2026
Jamal Murray: 30 PTS, 3 3PM
Nikola Jokić: 16 PTS, 12 REB, 13 AST, 5 STL pic.twitter.com/NgEHXNHFyO















