Јокиќ не е ниту во топ-3 во трката за МВП-наградата во НБА-лигата!


Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Никола Јокиќ има минимални шанси да го освои признанието МВП на Западната конференција на НБА лигата! Најновите квоти толку го потценуваат српскиот ас.

Имено, Јокиќ е дури четврти на листата на фаворити. Иако е факт дека Денвер не стои баш најдобро оваа сезона и дека ќе бидат аутсајдери против Оклахома, малку е чудно така лесно да се отпише Јокиќ. Сите добро знаат дека ако Никола биде на својот максимален нивоу, а соиграчите не прават многу грешки – Оклахома може да падне.

Квотата на Шеј Гилџиус-Александер изнесува само 1,50. Толку се добива на обложување дека асот на Оклахома ќе биде најдобар играч на “западот”. Зад него е Едвардс со квота 5,50 па Стеф Кари чија победа носи квота 11.

Дури тогаш на ред доаѓа Никола Јокиќ. Квотата за српскиот кошаркар е дури 13, што вели дека шансите му се извонредно мали.

Фото: Принтскрин