Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Поради проблеми со повреда, најдобриот кошаркар на Денвер, Никола Јокиќ, мораше да го пропушти натпреварот против Хјустон.
Пред самиот почеток на натпреварот меѓу Денвер и Хјустон, клубот од Колорадо соопшти дека Јокиќ поради проблеми со лакот нема да му биде на располагање на тренерот Мајк Мелоун.
Никола излезе на загревањето со одлично расположение, срдачно се поздрави со бившиот соиграч Џеф Грин, направи неколку шута и веднаш замина во соблекувалната. Подоцна клубот соопшти дека Србин поради воспаление на лакот нема да може да игра против Рокетс.