Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед го заврши договорот за кој се пишуваше од почетокот на летото и договори уште едно скапо засилување.
Од Брентфорд пристигнува камерунскиот крилен напаѓач Брајан Ембеумо (25), кој минатата сезона постигна 20 голови и девет асистенции во Премиер лигата.
Оваа информација ја објавија релевантни британски медиуми, па може да се каже дека работата е завршена.
Преговорите за неговото доаѓање траеја еден месец, а Јунајтед ќе мора да плати отштета од дури 80.000.000 евра.
Тоа е 6.000.000 евра повеќе од сумата што Јунајтед ја плати за бразилскиот напаѓач Матеуш Куња.
Британските медиуми тврдат дека трансферот ќе биде завршен пред саботата, кога Манчестер оди на турнеја во Америка.
Камерунецот пристигна во Брентфорд од францускиот Троа во летото 2019 година и за него британскиот клуб плати 6.500.000 евра отштета.
Во пет сезони во Брентфорд постигнал 70 погодоци и запишал 51 асистенција.
Фото: Принтскрин