ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Манчестер Јунајтед синоќа запиша уште еден разочарувачки пораз, овојпат на домашен терен „Олд Трафорд“ против Њукасл со резултат 0:2, во натпревар од Премиерлигата. Оваа загуба дополнително ги разочара навивачите, кои сè уште чекаат на стабилност и подобри резултати под водство на новиот менаџер, Рубен Аморим.
Иако португалскиот стратег на почетокот успеа да внесе краткотраен позитивен импулс во тимот, Јунајтед повторно се соочува со проблеми во играта. Тимот изгледа некомпактен и нефункционален, што го прави лесна мета за добро организирани противнички екипи. Њукасл успеа да ги пробие одбранбените блокови на „Црвените ѓаволи“ и да стекне предност од која Јунајтед не можеше да се опорави.
Проблемите не завршуваат само на теренот. Финансискиот фер-плеј претставува голема пречка за клубот, кој ќе мора внимателно да ги планира своите следни потези на трансфер пазарот. Очекувањата се дека летниот преоден рок ќе биде клучен за реконструкцијата на тимот. Манчестер Јунајтед ќе мора да се ослободи од играчите кои не се вклопуваат во визијата на Аморим и да вложи во фудбалери кои ќе можат да одговорат на неговиот стил на игра.
„Не сме во позиција да ангажираме нови играчи во јануари доколку не направиме некои продажби. Ова не е ситуација во која можам да потрошам огромни средства веднаш по моето доаѓање. Финансиските ограничувања се добро познати,” изјави Аморим, потенцирајќи ја сложеноста на моменталната состојба во клубот.