Јунајтед поради страв од Арсенал платил 100 милиони евра за Антони


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, сакал да го спречи трансферот на Антони на Олд Трафорд.

Тен Хаг не сакал да го донесе Антони во Јунајтед, открил агентот на холандскиот стручњак, Кис Вос.

Наводно, тие двајца сакале да го запрат трансферот на Бразилецот, но Јунајтед ги завршил сите работи и го потпишале поранешниот фудбалер на Ајакс, поточно прплатиле за него.

Арсенал исто така бил заинтересиран за него, па за да не го засили нивниот ривал, Јунајтед искеширал околу 100 милиони евра за крилниот фудбалер.

Антони одиграл 96 натпревари за Јунајтед и постигнал само 12 голови. Оваа сезона игра за Бетис, каде што „прошетал“.

На 26 натпревари за шпанскиот тим постигнал девет голови во сите натпреварувања и прокнижил пет асистенции.

Фото: Принтскрин