Јувентус продава дури осум играчи за да собере пари за Ѓокереш


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Виктор Ѓокереш ова лето ќе биде една од главните мети на фудбалскиот пазар, а откако “охладија контактите” со Арсенал и Манчестер Јунајтед, изгледа дека тој би можел да замине во Италија бидејќи Јувентус е подготвен да продаде дури осум играчи само за да го доведат напаѓачот на лисабонски Спортинг.

Виктор Ѓокереш го привлече вниманието со фантастичните настапи во дресот на Спортинг од Лисабон и скоро сигурно е дека ова лето ќе го смени клубот бидејќи сака да направи чекор напред во кариерата.

Многу клубови покажале интерес за шведскиот репрезентативец, а во последно време најмногу го поврзуваат со Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Иако Јунајтед сакаше да ја заврши работата што побргу, на крај Ѓокереш беше тој што го одби заминувањето на Олд Трафорд. Тој порача дека претпочита трансфер во Арсенал, но изгледа дека од тоа нема да биде ништо.

Арсенал е навистина заинтересиран за овој 27-годишник, но на Емирејтс “охладија” преговорите бидејќи Спортинг не сака да ја спушти цената за Швеѓанецот и изречно за него бара 80 милиони евра.

Но, јасно е дека Арсенал и Јунајтед не се единствените кои го сакаат Ѓокереш во своите редови бидејќи се појави информација дека во борбата за потписот на овој напаѓач се вклучи повторно и Јувентус.

Старата дама сакат да го зајакне нападот бидејќи не се баш задоволни од играта на Душан Влаховиќ, па токму Ѓокереш го гледаат како идеално решение.

Сепак, челниците на Јувентус се свесни дека овој трансфер нема да биде едноставен и евтин бидејќи Спортинг не отстапува од цената што ја бара, а клубот од Торино прави сè за да собере потребните пари за доаѓањето на Ѓокереш.

Покрај Влаховиќ, италијанскиот гигант ова лето сака да се ослободи уште од седуммина играчи, а тоа се Даглас Луиз, Кели, Мбангул, Милик, Перин, Ругани и Костиќ.

Фото: Принтскрин