Јувентус веќе пронајде наследник за Тудор!?


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Игор Тудор ја започна својата кариера како тренер на Јувентус минатата сабота со победа од 1:0 против Џенова. Единствениот гол на натпреварот го постигна Кенан Јилдиз. Хрватскиот тренер потпиша договор до крајот на сезоната, односно ќе го води Јувентус и на Светското клупско првенство, кое ќе се игра во јуни и јули.

Клубот потоа ќе донесе одлука за продолжување на соработката, но италијанските медиуми пишуваат дека прв фаворит за нов тренер на Јувентус е Антонио Конте, моментално тренер на Наполи. Конте е кандидат и за клупата на Милан од летото и додава дека Конте е незадоволен од состојбата во Наполи, со кој се бори за титулата. Конте и Тудор беа соиграчи во Јувентус од 1998 до 2005 година.

Договорот кој го потпиша Конте со Аурелио Де Лаурентис важи до 2027 година, но тоа не е гаранција. Како што не би била гаранција ниту евентуално освојување на првенството во борба со Интер, кој е три поени пред нив.