Њукасл пазари во Челси


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Рафаел Бенитез своето прво засилување во јануарскиот преоден рок ќе го добие од редовите на Челси.

Во Њукасл доцна синоќа пристигна младиот фудбалер Кенеди кој денес треба да ги помине медицинските прегледи пред официјално да стави потпис на договор со тимот кој годинава се врати во најелитната англиска лига.

Крилниот фудбалер ќе потпише со Њукасл на шестмесечна позајмица без можност за целосен откуп на неговиот договор.