Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатата ноќ беа одиграни 7 натпревари во НБА претсезоната, а најубедливи беа Кливленд и Њујорк.
Бранителот на титулата на свој терен ја победи Филаделфија со 108:105 со рамноправно распоредени минути на 15 играчи.
Мекре помина најмногу време на теренот -29 минути и беше најдобар со 20 поени и 5 скокови. Џејмс постигна 15, исто колку и Ирвинг.
Њујорк Никс во градското дерби ги победи Бруклин со 116:98, бидејќи постигнаа 39 поени во 3-та ¼-на.
До победата ги предводеше Ентони со 16 поени, а Рендл имаше 14.
Во Чикаго, Булс победија против Индијана. Вејд беше најдобар со 22 поени и 8 скокови.
Минесота беше подобра против Мајами со 109:100.
Во останатите натпревари до победи стигнаа Бостон, Милвоки и Сан Антонио против Шарлот, Далас и Атланта.