Њу Орлеанс ја изненади Атланта: Јанг премоќен за Оклахома


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Во НБА лигата во ноќта од вторник кон среда беа одиграни 4 натпревари.

    Атланта на свој терен беше поразена од Њу Орлеанс со 112:94. Во првата ¼ Њу Орлеанс ги декласираше Атланта со 34:14, а високата предност ја задржаа до крајот на натпреварот.

    https://youtu.be/zO6JAy9z_Cs

    Ентони Дејвис на почетокот се повреди, но потоа се врати во натпреварот. Најдобриот играч на Њу Орлеанс постигна 13 поени додека најефикасен во Атланта беше Фрејзер со 21 поен и 14 асистенции.

    https://youtu.be/mdSqD4WLQrA

    Њујорк беа подобри од Портланд со 107:103. Уште една одлична игра на Порцингис. Тој постигна 31 поен и 9 скокови. А го следеа Роуз со 18 и Ентони со 17 поени. Кај гостите најдобар беше Лилард со 22 поени.

    https://youtu.be/NKPW5h7S0b4

    До победа успеа да стигне и Лејкерс против Оклахома со 111:109. Гостите имаа предност на 14 секунди пред крајот, но Јанг постигна кош во самиот финиш. Покрај Јанг, кој имаше 17 поени, голема заслуга за победата имаше и Мозгов со 16 поени. Кај гостите Вестбрук постигна 34 поени, 13 асистенции и 8 скокови.

    Останати резултати:

    Атланта – Њу Орлеанс 94:112
    Њујорк – Портланд 107:103
    Денвер – Чикаго 110:107
    Лејкерс – Оклахома 111:109

     

     

    https://www.youtube.com/watch?v=MKElvF6WwH0