„Ќе биде невозможно да ги ставиме заедно Белоти и Игуаин“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Алегри ги отфрли шпекулациите дека ќе го донесат Белоти.

Напаѓачот на Торино со своите игри ја полуде Италија и се посигурно е дека во наредното лето ќе ја смени средината.

Еден од клубовите кој се поврзува со него е Јувентус, но Алегри изјави дека не го сакаат Белоти.

„Белоти порасна, има неверојатни квалитети и тоа го покажуваат бројките. Не знам дали вреди 100 милиони евра, но има голем потенцијал и квалитет. Тој ќе биде напаѓач на Италија во годините кои доаѓаат.“

„Сепак, ние сега го имаме Игуаин. Да се стават тие двајца на теренот би било невозможно. Не можете ниту во сон да ги споите.“

Белоти оваа сезона е прв стрелец во Серија А. Тој и Џеко имаат по 25 постигнати голови.