„Ќе ги испратам децата кај Надал да учат тенис“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, освојувачот на 14 Грен Слем титули, Надал отвори тениска академија во Мајорка, а почесен гостин беше еден од неговите најголеми ривали, Федерер.

    Академијата се состои од 26 терени на земја, фитнес центар, отворени и затворени базени, 7 фудбалски терени, како и други спортски објекти, вработени има околу 140 луѓе, а вклучени се и Фондацијата на Надал и музеј.

    „Ми се оствари сонот. Ова е проект на мојот тим со кој работевме претходните години. Благодарен сум им на сите, ова е посебен ден за мене. Му благодарам на Федерер што дојде на овој настан. На сите ни е важно што си тука. Претставуваш вистински пример за децата на нашата академија. Ти благодарам, многу ми значи ова.“

    Задоволството не можеше да го сокрие ниту Федерер.

    „Рафа ти си еден од играчите кои имаа многу влијание на мене и најмногу ме инспирираше. Многу работи во својата игра сменив поради тебе. Среќен сум што сум овде. ЗНам каде ќе ги испратам своите деца, ако сакаат да играат тенис.“

    Надал и Федерер беа прв и втор на АТП листата од 2005 до 2011 година, а во тој интервал имаа и неколку неверојатни дуели, како финалето на Вимблдон во 2008 година во кое победи Надал.