Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди се наоѓа во многу тешка ситуација во Интер, откако му беше одземена капитенската лента, а потоа реши да не патува со екипата во Виена за мечот од нокаут-фазата во Лига Европа против Рапид.
Икарди веќе со месеци го одложува потпишувањето на новиот договор со Интер и веќе е јасно дека управата би можела да се откаже од него и да го продаде наредното лето.
Сите ја обвинуваат неговата сопруга и агент, Ванда Нара за проблемите со Интер. Таа е задолжена за преговорите за новиот договор и неколку пати кажа дека Икарди сигурно ќе потпише нов договор, но тоа не се случи.
Дури се појавија шпекулации дека Икарди веќе пронашол нов клуб, односно дека преговара со Јувентус и Реал Мадрид.
„Приказната околу Реал Мадрид е лага. Можеби времето ќе покаже дека сум била во право и сум ви кажала дека има интерес од европски гигант, а тоа е Јувентус“, вели Ванда.