„Џеко нешто се обидуваше, но не беше опасен!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Големото римско дерби во ½-финалето на купот на Италија беше одиграно помеѓу Лацио и Рома, а тимот на Лацио успеа на крајот да победи со 2:0.

Па така Лацио ќе има голема предност пред реваншот во април, каде што Рома ќе брка 2 голови негатива.

Тренерот на Рома, Сплаети беше задоволен со играта на својот тим, а даде коментар за играта на Џеко.

„Един Џеко имаше неколку интересни обиди кои можеа да бидат опасни, но ништо не испадна од нив. Лацион играше како што предвидовме, се држеа до планот, а ние бевме нетрпеливи.“

„Ќе видиме во наредните натпревари дали овој тим е зрел. Иритира фактот да се изгуби дерби и сега да имаме тешка задача да стигнеме до финалето. Ние мора да играме подобро од ова. Не бевме доволно добри.“

Наполи ќе гостува на Рома во дербито во 27-то коло во Серија А.