„Џеко ни помогна во подготовката за натпреварот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лучијано Спалети откри дека Џеко има големи заслуги за победата од 3:1 против Интер.

Рома на гостински терен успеа да победи со 3:1, а Џеко во оваа средба имаше асистенција.

Спалети тврди дека тој на интересен начин му помогнат на тимот за подготовките.

„Миранда им недостигаше. Тој е важен играч на Интер. Исто така, Џеко ни ги откри тајните на Иван Перишиќ. Добро го познава, ги знае неговите слабости и благодарение на него знаевме како да го сопреме.“

Иако се жалеа од Интер за судењето, сепак Спалети верува дека победата била заслужена.

„Не знаеш што сакаат тие луѓе. Победивме заслужено и во тоа нема сомнеж. Интер е одличен тим, но Рома беше подобра и победи.“

Рома по 26 одиграни кола се наоѓа на 7 бодови зад Јувентус, па се во трка за титулата затоа што има уште 12 натпревари до крајот на натпреварот.