Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Напаѓачот на Рома, Един Џеко во интервју за германскиот „Кикер“ даде одговор на шпекулациите кои го поврзуваат со Реал Мадрид.
Пред неколку денови во шпанските медиуми се појави информација во која се вели дека Флорентино Перез во јануари би можел да го донесе Един Џеко, а некои медиуми тврдеа дека претставници на кралскиот клуб го гледале Џеко на пријателската средба меѓу Шпанија и Босна и Херцеговина.
„Слушнав за тоа, но моментално немам никаков контакт со Реал Мадрид“- кратко одговори напаѓачот кој нема баш добар почеток на сезоната во Рома.