Џек Вилшер е казнет за „лудото“ однесување против Манчестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшер е казнет поради „лудото“ однесување на натпреварот против Манчестер Сити каде што тој играше за резервниот тим на Арсенал.

Играчот од средниот ред, кој се труди да ја врати старата форма, откако ја скрши ногата на минатосезонската позајмица во Борнмаут, беше исклучен на натпревар за резервите на Арсенал.

Тој полуде по еден остар старт на Смит врз него и го истепа седумнаесетгодишниот играч на Сити, а затоа Фудбалската асоцијација го казни со неиграње од два натпревари за резервнот тим на Арснеал.

Арсена Венгер досега не го користеше играчот во Премиер Лигата, но суспензијата која му е изречена не важи и нема да се префрли ако играчот биде повикан да игра за првиот тим на Арсенал во Премиер Лигата.