Џек Вилшер станува соиграч на Елмас во Фенербахче


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повремениот англиски репрезентативец, Џек Вилшер е пред шокантен трансфер во редовите на Фенербахче.

Ова го пренесуваат медиумите во Турција кои објавија дека трансферот би можел да биде објавен во понеделник.

За Вилшер постоеше интерес од неколку тимови од Премиер лигата, а се споменуваше трансфер и во Јувентус и Валенсија, но сепак 26 годишниот фудбалер ќе продолжи во Турција ако им се верува на медиумите во оваа земја.

Турскиот новинар, Волкан Демир пак на својот Твитер профил напиша дека Вилшер веќе го напуштил Истанбул по позитивните преговори и дека понеделник треба да се комплетира трансферот.