Џенова веднаш ги потроши средствата од Пјонтек: Италијанскиот клуб пазари во Примера…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Криштоф Пјонтек е вистинско откритие, стигна летово за неколку милиони како релативно непознат играч, а за само шест месеци успеа да се избори за трансфер во Милан за 40 милиони евра.

Постигна Полјакот 13 погодоци во Серија А, втор стрелец е во лигата, а тоа се чини влијаеше кај „Росонерите“ на кои им беше потребна замена за Игуаин, кој пак, се пресели во Челси.

Така во Џенова останаа без својот најдобар стрелец, па беше потребно да му се пронајде соодветна замена.

Таа е пронајдена, во прашање е парагвајскиот напаѓач, Антонио Санабри, кој во Италија пристигнува од Бетис.

Овој 22-годишен фудбалер веќе играше во Италија за Сасуоло и Рома, заврши во Севиља во 2016. година, а до денес за Андалужаните запиша 51 настап, постигна и 15 погодоци.

Тони Санабри слета во Милано, ги заврши лекарските прегледи, а стигна и да се запознае со неколкуте нови соиграчи, како и со претседателот Преционзи.

Само синоќа, Парагваецот го постигна изедначувачкиот погодок за Бетис во Купот против Еспањол, па така на најдобар начин се прости од шпанскиот клуб.

Го бараше и Тотенхем, но додека „Плавите“, „спиеја“, Џенова го донесе на позајмица во траење од 18 месеци, со опција за откуп по истекот на истата за 20 милиони евра.

Освен Санабри, во Џенова стигна Стефано Стураро од Јувентус, како и Андрас Шефер, кој стигна од МТК од Будимпешта.