Џенова му го честиташе огромниот јубилеј на Пандев! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и капитен Горан Пандев на „Филип Втори“ учествуваше во победата на нашата селекција со 3-1 против Летонија, а исто така стигна до огромен јубилеј, поточно го одигра 100-от меч за татковината.

Пандев имаше одличен меч, па придонесе во играта на Македонија, а асистираше и за погодокот на Езгјан Алиоски, но за жал не успеа да постигне гол токму за неговиот јубилеј.

За неговиот успех стигнаа голем број честитки од јавноста, а порака за Пандев имаше и италијанска Џенова, каде што настапува македонскиот капитен.

„Честитки Горан, ти си феноменален човек и фудбалер. Гордост за Македонија. Заслужуваш аплауз од меѓународната сцена“, порачаа од Џенова.