„Џерард е никој и ништо!“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Стивен Џерард одлучи да ја заврши кариерата и тоа беше повод многу светски ѕвезди со убави зборови да се простат од легендарниот капитен на Ливерпул.

    Сепак, не се сите исти…

    Само еден човек одлучи да даде лош коментар за Џерард, а станува збор за Ел Хаџи Диуф.

    Тој за француските медиуми го искоментира заминувањето на Џерард како дека тој е „никој и ништо“.

    „Во Ливерпул ми рекоа дека во клубот постојат луѓе кои не смеете да ги допрете, а јас ги допрев. Затоа работите станаа комплицирани за мене.“

    „Кога стигнав, му покажав дека тој е никој и ништо, а и денес така мислам. Го прашав на кое големо натпреварување зборуваат за него – СП, ЕП? Како играч го почитувам, но како човек не!“

    Џерард и Диуф никогаш не беа во добри односи, а легендарниот капитен има признаено дека Сенегалецот никогаш не се грижел за Ливерпул и дека не го интересирало што се случува во клубот.