Џејмс го однесе Кливленд до втора победа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Кливленд го декласираа Торонто со 125:103 во вториот натпревар од ½-финалната серија и стигнаа до 2:0.

Кливленд пред своите навивачи во атрактивен натпревар стигнаа до сигурна победа, откако водеа од првата до последната минута.

Кливленд ги предводеше Џејмс со 39 поени, а го следеше Ирвинг со 22 поени.

На другата страна ДеРозан во првото полувреме не постигна ниту еден поен, а на крајот имаше само 5 додека најдобар кај Торонто беше Валачиунас со 23 поени.